MacedonianEnglish
Ски патека


Ски патеките ќе бидат одредени на површина поголема од 1200 хектари кои не се пошумени. Самата амфитеатрална поставеност на теренот свртен кон север дава услови за квалитетен количински снег во траење од пет месеци во една сезона.

Планината Кожуф е првата природна бариера на републиката која дирекно ги поднесува влијанијата на медитеранската и континеталната клима која надоаѓа од егејско море (35км воздушно), а како последица на ова, во периодот од мај до октомври има обилни врнежи, додека во период од ноември до април има снежни врнежи кои прекриваат 150 см во зимскиот период.

Викенд куќите се наоѓаат на 1500-1700 м надморска височина, ски падините започнуваат на 1500 м и се протегаат до 2200 м надморска височина.Комплексот и ски центарот, како и околниот регион, се богати со природни лисја, животински и растителен свет, извори на вода и природна дренажа. Во овој дел се лоцирани изворите на реката Дошница, потенцијалната годишна дренажа на вода достигнува 220 милиони м3 кои ги покриваат потребите од техничка вода за годишните активности во ски центарот, додека спортовите и реакреативните активности условуваат развој на хидро - електричен бран.

Спасувачка служба

Туристичко рекреативниот комплекс Ски Центар Кожуф има сопствена служба за спасување која функционира на професионален принцип.

Службата е составена од врвни алпинисти, планинари, водачи на планина и скијачи, а делокругот на нејзината работа е превенција, спасување и укажување помош на територијата на туристичко рекреативниот комплекс.Обуката и континуираниот тренинг на тимот се врши во Центарот за стручно оспособување при Федерацијата на планинарските спортови на Македонија и Македонската алпинистичка асоцијација.На полето на планинското спасување службата соработува со реномирани меѓународни институции и служби кои практикуваат слична дејност.

Службата е опремена со врвна спасувачка опрема произведена од реномирани светски производители.За време на работните денови од скијачката сезона службата обезбедува сервис за посетителите на ски центарот во текот на дваесет и четири часа.

Припадниците на службата ќе ги сретнете насекаде низ туристичко рекереативниот комплекс, а препознатливи се преку посебно дизајнираниот амблем на кој се наоѓа логото на Ски Кожуф и меѓународните симболи за планинско спасување.Службата е достапна на телефон (00389) 2 3 290 603, каде што можете да добиете информација за состојбата на ски патеките, временската прогноза и актуелните прилики на планината, а во случај на несреќа да пријавите и да побарате помош.

Паркинг и превоз

Паркинг просторот за автомобили и минибусови се наоѓа веднаш до ресторанот Момина Чука и во непосредна близина на почетокот на ски патеките.

Одалеченост на паркингот од скијалиштето е 2 минути одење пеш.

За време на работните денови на ски центарот, организиран е превоз на минибусови на патот од Смрдлива вода до Ски центарот и назад.



Поаѓање од Смрдлива вода во: 09:00 ч.Заминување од Ски центарот во: 16:00 ч.